Ем здрави, ем брзи за подготовка. Можат да стојат подолго време и секој ден се се помеки и повкусни.
Постапката оди вака. Се истура виното и маслото и во нив се додава солта, се додаваат 4те вида на семки и постепено се меси со брашното. Доколку видите дека тестото ви е меко се додава брашно. Треба да добиете меко и мрсно тесто, кое лесно ќе го расукувате доколку наросите малку брашно на површината. Кората треба да е дебела околу половина цм и со помош на калапчиња се вадат форми од тестото, па се ставаат во обичен плех (значи плехот ниту се набрашнува, ниту се премачкува со нешто).
Веднаш се ставаат да се печат на температура од 200 степени, околу 20тина минути или додека не се исушат убаво.

Забелешка- доколку немате црвено вино, може да се употреби пиво или пак бело вино. По овој рецепт и виното си го прави своето, бидејќи им дава специфичен мирис на крекерите и потемна боја.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови