Превкусна здрава варијанта на крекери, кои може да си ги грицкате или да уживате во нивниот вкус во комбинација со хумус или некој друг намаз за појадок. Дефинитивно кај нас се едни од омилените, дури некој што не јаде маслинки во оваа комбинација не се противеше =))
1. Маслинките ги сецкаме на мали парченца
2. Бадемите ги ставаме во блендер и ги ситниме како брашно. Ги ставаме во длабок сад.
3. Во садот со бадеми ги додаваме брашното, пецивото, солта, куркумата и буковецот. Мешаме со лажица. Ги додаваме маслинките и пармезанот, промешуваме. Во смесата го додаваме маслиново масло и водата ја додаваме постепено, мешајќи со лажица. Се добива густо тесто.
4. Смесата ја ставаме во плех обложен со хартија за печење. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја расукаме смесата со дебелина од 3мм. Ја вадиме горната хартија за печење.
5. Со нож правиме засеци во големина по желба, за после печење полесно да ги разделиме.
6. Печиме во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути во завистност од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани