Кошници - старински рецепт
Колачиња кои ги правеа нашите мајки за празниците.
Белките малку изматете ги со вилушка додајте го шеќерот, промешајте, па додајте ги оревите, бисквитите и путерот. Грамажата може и да варира, зависно од количината на белката. Ставете ја смесата во фрижидер да се стегни па проверете дали е тврда. Ако мислите дека не е доволно тогаш додајте уште малку бисквити.
Направете 40 топчиња. Оставете ги саат, два на отворено да се потсушат.
За полнењето, изматете ги жолчките со млекото и брашното и ставете ги на пареа се додека не се добие убав крем, да се згусти. Отприлика петнаесетина минути. Мешајте ги цело време, да не ви се згрутчат од страните. Кога е готово додајте го чоколадото и оставете го да се олади.
Секое топче пред да го втиснете во калапот испрпелајте го во шеќер во прав. Втиснете го без многу стегање и со прстот направете длабнатина. Таму ставете од полнењето и затворете го со жолтиот дел.
Чукнете малку со калапот на работната маса и колачето ќе испадне. Нека постојат некое време на отворено, да се потсушат.
Среќни празници!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mn se vkusni
Imav drveno kalapce, i mnogu pametna jas, haha, nesvesno go staviv vo masina za tajniri.... I go unistiv