Малку поинаква пита спремана во тава.
Сакам понекогаш да сменам и да имаме на маса нешто ново, па уште ако излезе вкусно како што беше оваа пита ептен кејф ми се прави.

Подготовка

Компирите излупете ги и ставете да се варат.
Откако ќе се сварат оставете убаво да се оладат, па изрендајте ги.

Во топлата вода ставете го шафранот да се раствори.

Во длабок сад ставете го брашното, ренданиот компир, маслото, копарот, солта, малку бибер и по потреба од водата во која е растворен шафранот(ќе ви бидат потребни неколку лажици.
Додавајте ја водата постепено додека замесите тесто).

Полнење
Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го исецканиот праз.
Откако ќе се запржи додајте ги соја трошките(претходно накиснати со топла вода и исцедени).
Додајте го црвениот пипер, соја сосот и малку вода.
Оставете на тивок оган додека водата целосно испари.

Во друга тава ставете маслиново масло и двете чешниња лук.
Откако маслото ќе се ароматизира додајте ги шампињоните исечени на листови.
Пржете додека испари водата што ја пуштаат шампињоните.
Потоа додајте ги ренданите моркови и ренданиот црн домат(може да ги ставите и сецкани, но вака рендани даваат покашеста смеса).
Посолете, наросете црн бибер и оставете на оган додека се подзапржат морковот и модриот патлиџан.
Доволно е само некоја минутка бидејќи се рендани.

Оваа смеса измешајте ја со претходно подготвените соини тршки.

Тавата во која ќе ја спремате питата треба да биде нелеплива.
Премачкајте ја со маслиново масло и ставете половина од тестото.
Одозгора нанесете го полнењето и поклопете со другата половина од тестото.
Затворете ги убаво краевите на тестото, покријте со капак и ставете на тивок оган 15 минути.
По 15 минути тргнете го капакот и поклопете со чинија чиј дијаметар е помал од тој на тавата каде се спрема питата.
Превртете и премачкајте ја повторно тавата со малку маслиново масло.
Вратете ја питата во тавата и оставете да се пржи и од другата страна 15 минути.

Послужете ја топла со свежа салата по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани