1. Компирите ги лупите и ги сечите во форма по ваша желба.
2. Ги варите компирите.
3. Откако ќе ги сварите компирите ги истурате во тепсија за печење и ги оставате на страна.
4. Во тенџере над оган ја сипате водата и супата од печурки и мешате се додека не се згусни.
4. Во еден сад ја истурате неутралната павлака, млекото, маслото, зачините и мешате се додека убаво не се соединат, потоа ја додавате и готовата супа од печурки и повторно мешате за состојките добро да се соединат.
5. Печите на темп. од 250 Степени околу 30 мин.
6. Ја вадите тепсијата од рерна, го рендате одозгора сирењето и повторно ја враќате во рерна за да се растопи сирењето т.е печете уште 10 мин.
Пријатен ручек или вечера!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови