9
мај
2022
Колач со оризови снегулки
Од само неколку состојки, брз и вкусен десерт.
Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме бананите, ги пасираме со виљушка. Го додаваме какаото, промешуваме.
2.Чоколадото заедно со кокосовото масло ги ставаме во сад над пареа да се стопат. Стопеното чоколадо го додаваме во садот со бананите. Промешуваме. Во смесата ги додаваме оризовите снегулки. Промешуваме.
3. Смесата ја ставаме во округли калап со дијаметар од 20 цм. Колачот го ставаме во фрижидер да се зацврсти.
4. Темното чоколадо заедно со кокосовото масло ги ставаме во сад над пареа да се стопат. Колачот го украсуваме со стопеното чоколадо. Оставаме во фрижидер да се зацрврсти и чоколадото. Послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани