Овој превкусен колач топло ви го препорачувам, многу брзо се прави и едноставен е за припрема, кај нас кога го правам буквално го снемува веднаш. Мерките се изразени во шољи од 150 мл, а овојпат состојките ги мерев, па како ви е полесно, така спремајте го колачот.

Подготовка:
1. Во длабок сад ги матиме до згуснување јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата. Потоа ги додаваме маслото и млекото.
2. На крај ги додаваме плазма бисквитите и брашното претходно соединето со пецивото. Миксираме кратко до хомогенизирање.
3. Смесата за колачот ја истураме во тавче број 26, на дното ставаме хартија за печење, а од страните премачкуваме со маргарин.
4. Печеме во загреана рерна на 190 степени. Проверете со чачкалица кога е готов колачот.
5. Врз топлиот колач ја премачкуваме насекаде нутелата, па одозгора наросуваме мелена плазма.
6. Нека олади, па сечеме на парчиња. Пак одозгора им ставаме малку од мелената плазма и послужуваме.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани