Колач со вишни (посно)
Да ги искористиме свежите вишни додека ги има. Еден брз и вкусен десерт. На почеток да напоменам дека овесното брашно може слободно да го замените и со обично. Сокот од вишни кој го користев е спремен по рецептот на Алекса (Брз сок од вишни), но може да користите и сок од компот.
1. Во подлабок сад ставете ги сите суви состојки и промешајте за убаво да се изедначи. Потоа прво додадете ја газираната вода, а потоа и сокот. Ако смесата е премногу густа додадете уште малку сок, ако е ретка уште малку брашно. На крај додадте ги вишните и убаво промешајте. Оставете ја смесата така барем 20тина мин. додека се загрева рерната.
2. Рерната треба да биде загреана на 220С. Смесата префрлете ја во тава за печење (правоаголна или округла по избор) бр 28 и ставете да се пече. По 10тина мин. намалете ја на 180С и оставете да се пече 35-40мин. Ако има потреба за да не загори покријте со алу фолија. Проверете со чепкалка дали е готова, па извадете ја и оставете да се излади.
3. Кога е веќе изладена (млака) прободете со вилушка по целата површина и исечете ја на парчиња. Потоа со преостанатата чаша сок од вишни со лажица преливајте за убаво да се впие. Оставете да се излади убаво па послужете.
Кај мене е послужена со џемот од вишни по рецептот на Дани.
Добар апетит.
*Чашата е од 250мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Дани си поставив сликичка и кај тебе одма ... џемот е супер :)