Пред да го објаснам рецептот, да пишам дека чашата со која јас мерев беше 200 мл

Ги миеш убаво портокалите и ги сечеш на кругови.
Дебелината околу пола сантиметар
Потоа круговите ги сечеш на половинки. Се редат така исечените портокали во сади се прелеваат со шеќер вода.
Се оставаат да поварат околу 10 минути. Се цедат пополека од водата и се додаваат во претходно сварениот шеќерен сируп. Се варат така заедно уште 10 минути. Се оставаат да изладат во сирупот. зџц в  Се вадат пополека да не се раскинат и се оставаат да се исцедат. Не ги преварувајте многу затоа што ќе се пресушат, премногу ќе карамелизираат и ќе бидат тегави за јадење.

(Во рецептата што ја имам пишува дека треба да се потпечат малку да бидат суви. Јас пробав една доза и ми испаднаа многу тегави. )

Растопив чоколада на пареа и портокалите до половина ги потопив во неа.
Ставив на фолија за готвење и малку изладив да стегне.
Мене ми беа вкусни, а вие, ќе кажете....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови