Колачиња Брилијанти
Многу вкусни, лесни и секојдневни колачиња.
Во длабок сад се става маргаринот и шеќерот во прав и се матат со миксер.
Одкако убаво ќе се соединат се додава солта и јацето.
Се додаваат ванилиниот шеќер и брашното и продолжува да се измеси со раце.
Така добиената смеса остава во фрижидер половина час.
Одкако ќе помине времето, од смесата се прават стапчиња со дебелина околу 2см и при нивно формирање се става кристал шеќер на работната маса и се валкаа додека да се залепи шеќерот на нив. Има слика во прилог за постапката.
Одкако ќе се заврши таа постапка се зема нож и со него се сечат кругчиња, секое кругче се става во плех претходно намачкан со малку маргарин. Секое кругче се става хоризонтано легнато каде што шеќерот ќе биде на надворешната страна оддоколу.
Одкако сите колачиња ќе се направат се ставаат во загреана рерна на 180 степени и се печат се додека да добијат златна боја, од прилика 10-15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови