Уште еден рецепт за преубав успешен козињак, мек, сочен и богат со конци. Подготовката може да биде на 2 начина, како што ви е полесно така правете.
Првиот начин е со користење на бленде. Се става квасецот со малку млако млеко, ренданата кора од портокал, малку шеќер и брашно и се блендира. Се истура смесата во пластичен сад да се активира. Настрана во блендер се ставаат јајцата, преостанатиот шеќер, маргаринот и преостанатото млеко и се блендираат додека не се изедначи смесата и не се стопи шеќерот. И таа смеса се додава во пластичниот сад. Понатаму постапката е иста како и вториот начин.

Втор начин
Со 50мл млако млеко се зафака квасецот и со малку шеќер и брашно. Се остава да се активира 10-15мин. Настрана се топи шеќерот во преостанатото млако млеко заедно со маргаринот, ванилите. Активираниот квасец се става во пластичен сад, се додава изладеното млеко со шеќерот, се додава и маслото, предходоно изметените јајца и пополека се додава брашното. Јас прво го матам со миксер со маталките за тесто, а потоа со рака. Се ренда и кора од портокал и се додава махлеб.
Тестото треба да се меси повеке време на тој начин ќе стане поеластично и ќе има повеке конци. Се покрива со фолија и со кујнска крпа и се остава на топло место 2-3 часа(може и повеќе уште поубаво)
Откако ќе стаса се премесува уште еднаш со намрсени раце (ова е многу битно и не смее да се изостави) и повторно се покрива со кујнска крпа повторно да стаса 1-2 часа. Откако стасало тестото уште еднаш се става на намрсена површина и се дели на 6 дела, но не се премесува. Се сучат ленти за плетенки со намрсени раце, но нежно не се притиска премногу. Може да се стави киснето суво грозје, брусница или било што по ваша желба. Се ставаат плетенките во намрсен калап и се оставаат да киснат повторно. Се премачкуваат со жолчка со млеко и се печат во загреана рерна на 160степени 30тина минути. Не смее да се препечи бидејки козињакот ќе биде сув. Доколку брзо поруменил одозгора се покрива со алу фолија и така покриен се печи. Козињакот е мек, сочен,богат со конци
Правила за козињак богат со конци
-Киснењето е многу битно, мора да се кисни подолго време бидејки содржи поголема количина на шеќер и киснењето оди побавно
-Премесувањето со масло или растопен маргарин и многу битни за вашиот козињак да биде богат со конци.
-Мора да се меси подолго време за тестото да биде многу еластично на тој начин ќе го испушти глутенот и ќе биде мек и богат со конци
-Не смее во никој случај да се препечи, во спротивно ќе биде сув и ќе се рони.
Дозата е за две плетенки од околу 35 см.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови