Козињак со ореви
Прекрасен декоративен мек козињак. Ние македонците го правиме со суво грозје, а романците го прават со фил од ореви.
Прво се прави филот
Се става млекото со шеќерот, ванилата, какаото да се загрее. Се трга настрана и се додаваат мелените ореви и се остава убаво да се излади (смесата ќе биде потечна, но кога ќе се излади ќе се згустни)
Потоа се прави предтестото-се ставаат водата и брашното на оган и се меша постојано додека не се згустни. Се трга настрана убаво да се излади.
Се загрева млекото со шеќерот и ванилата се додава квасецот и малку брашно и се остава да се запени(млекото не смее да е многу жешко)
Во пластичен сад се става брашното, изматените јајца, предтестото, стопениот маргарин, кора од лимон, махлеб, малку сол и млекото со квасецот. Се меси тестото со маталките за тесто со миксер околу 5мин. Потоа 2-3 лажици маргарин омекнат на собна температура се додаваат и се мати повторно со миксерот додека убаво не се соедини маргаринот со тестото. Откако ќе почне тестото да се одделува од ѕидовите на садот (тестото ќе биде меко, лепливо и еластично) се намрсува и се покрива да надојде 1,5 час на топло.
Откако убаво ќе надојде се вади од садот и на работна намрсена површина се истура тестото и се дели на 4 дела, но не треба да се премесува. Секој дел нежно со сукалото се сучи правоаголна кора се премачкува со филот(предходно го делиме на 4 дела филот) се витка во вид на ролат, се трга настрана и со другиот дел се прави истото. Двата дела се вртат(сучат) и се ставаат во намрсен калап за леб. Истото се прави и со двата дела. Се оставаат на топло околу 30-40мин.
Се премачкуваат пред печење со изматена жолчка со малку млеко. Се печат во загрена рерна на 175 степени 20мин потоа се покрива со алу фолија и се печи уште 20-25мин. Откако ќе се испечи се премачкува со маргарин(путер). Се остава убаво да се излади пред да се сечи
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови