Кифлички со пудинг и јаболко
Во брашното додадете јајце, маргарин, павлака и пециво. Замесете тесто, рассукајте, здиплете го како плик и ставете го во фриждер еден час. Извадете го од фриждер, рассукајте пак, завертете како плик повторно три пати.
Пудингот сварете го со млекото според упатството на кесичката и оставете да истине.
Јаболката излупете ги и исечете на кришки.
Тестото рассукајте го и исечете ги на коцки. На секоја коцка направете пресек, ставете пудинг, едно парче јаболко, малку цимет и завиткајте. Ставете да се печат во зареана рерна на 200 степени, 20-30 мин.
Печените кифлички наросете ги со шеќер во прав.