1. Во тенџере се става оризот, водата и солта, се вари на тивко со промешување. Потоа во ситна цедалка се мие со ладна вода да се одлепат зрната ориз и се остава убаво да се исцеди.
2. На коцки се сечкаат киселите крставички, саламата и обарениот морков. Јас обично користам кисели моркови од туршија, но бидејќи во овој период ги немам, користев свеж обарен морков.
3. Оризот и претходниве состојки се ставаат во вангличе, се става киселата павлака и ѕаѕики зачинот, се меша до убаво изедначување на состојките.
4. Се декорира со кисела павлака или со нешто друго по желба.

Во оригиналниот рецепт кој го имам запишано се ставаат и 3 ситно сечкани чешниња лук, но јас не ставив. Самиот ѕаѕики микс зачин содржи лук во прав, а и така салатата ја маскирав за да ја јадат и тие што не сакаат лук.
Користам посебна пилешка салама бидејќи е вкусна и не испушта вода како некои други.
Се мери со иста чаша од 220 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани