- Растворете го квасецот во топло млеко, додадете го омекнатиот путер, сол, шекер и половина од брашното. Добро измешајте. Измешајте добро да се сите состојки спојат, потоа додадете го остатокот од брашното и замесете меко тесто кое нема да се лепи на раката. Оставете околу 20 мин, да стаса.
- Премачкувањето на кората
- Омекнатиот путер спојте го со сомелените кикирики.
Оформување
- Извадете го стасаното тесто на побрашнета површина, расукајте кора во форма на правоаголник во дебелина од околу 1 см. Премачкајте ја кората со половина од премазот. Од подолгата страна преклопете една третина од кората до средината, преку неа спротивната страна, а потоа спротивните страни (исто како кога спремаме лиснато тесто). Оставете ја да се одмори околу 15-20 мин. Потоа расукајте ја повторно во правоаголна форма, премачкајте со остатокот од премазот со кикирики, повторете ја постапката со предиплувањето и повторно оставете да се одмара околу 15 мин.
- После изминатото време расукајте го тестото во кора дебелина од оклу 2 см. и со модла вадете форми кои ке ги изберете вие. Наредете ги во плек постелен со хартија за печење, нека стојат 10 мин. , премачкајте со јајце,  посипете со сусам и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.
Напомена
- Бидејки се разлистува тестото погачките немаат правилна форма. Мој предлог за оние што сакаат потокмести да изгледаат е да во финалното сукање на кората истата ја расукате потенка, да замотате во ролат и сечете или триаголници или обилни ролатчиња. Велам ...предлог.
-Доколку ги вадите со модла, остатокот од тестото кој не може да се премесува, едноставно само го ставете во долгнавеста модла и испечете го и тоа тесто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани