Јоли ги нарекува парени соленки со кашкавал. Јас пак си ги прекрстив и си ги нареков Кашкавалките на Јоли, прекрасни се.
- Во сад ставете млекото, солта и маргаринот (може путер) нека зоврие. Тргнете на страна и во неколку наврти ставете го гризот, бркајте да не ви се направи грутчиња, вратете на огнот на тивко да се вари. Постојано бркајте и тргнете кога ќе се згусти (како качамак). Оставете да олади. Во смесата кога е многу млака, не целосно оладено, додадете јајцата едно по едно и бркајте било со миксер било со вилушка. Кога ќе се соединат добро јајцата со смесата, оставете да се олади целосно или уште подобар ефект се кога тоа ќе го направите одвечер. Покријте садот и оставете во фрижидер да стои за да наредното утро ги спремате и печете.
- Од добиеното тесто правете топчиња во големина на орев, секое топче ставајте го во ренданиот кашкавал валкајте во топче, редете ги во тава послана со хартија за печење која сепак малку со четка ќе ја намастите, но велам многу малку. Нека бидат на растојание затоа се очекува да тие и нараснат.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени од околу 30 мин, или додека тие не добијат златеста боја.
Нам  многу ни се допаднаа...
НАПОМЕНА
- Јас овие ги правев без да чекам многу и пак се успешни. Не толку нараснати, или пак многу мали ги правев.
- Мора да внимавате и да бидат добро испечени бидејки се работи за парено тесто плус од гриз,  за да немате влажна коизистенција во внатрешноста.
- Сакав да направам една мала измена која се состоеше во тоа да ставам и малку семки - столчив малку од тиква, но заборавив да ги ставам.. повеке од сигурна сум дека одлично ќе се вклопеа овде во овие кашкавалки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани