17
апр
2021
Кардамом, бадем кекси
Од овие кекси низ домот се шири прекрасен мирис. Кексите се многу кревки, ароматични, вкусни.
Подготовка:
1. Во нутрибулет ставме бадеми и семките од кардамом (значи ја одстрануваме надворешната лушпа на кардамомот) и миксаме кратко.
2. Сега сите состојки ги соединуваме во вангла и замесуваме нелепливо тесто. Го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер на 30 минути.
3. Потоа формираме кекси и ги редиме во плех. Печеме од 12 до 15 минути, на 180 с
Оставаме да се изладат, па ги собираме во лимени кутии
Користена е чаша од 250 мл
Лиценца: Сите права се задржани