Карамел бомбици
Овие вкусни колачи нека ја красат вашата Велигденска трпеза. Пленат со својот елегантен изглед.
Подготовка:
1. Во мало тенџере на тивок оган ставаме да се соединат млекото, шеќерот, чоколадото и путерот. Од кога смесата е убаво изедначена тргаме од оган. Додаваме мелени бисквити и лешници. Соединуваме и оставаме во фрижидер околу 15 минути да се излади. За тоа време ги тостираме зрната лешник. Лушпата може и да им ја отстраниме.
2. Карамелите ги ставаме во микро печка или во Апарат за готвење со топол воздух. Само кратко, 1 минута, колку да омекнат. Секоја карамела на дланката ја расплескуваме, ставаме зрно лешник во средината и формираме мала бомбици.
3. Сега од темната смеса земаме топче, го расплескуваме на дланката, во средината ставаме бомбица од карамела и повторно формираме бомбица. Вака подготвени, ќе излезат 14-15 бомбици. Ги поставуваме на послужавник и ги оставаме да отстојат 30 минути.
4. На тивок оган или во сад над пареа ја подготвуваме чоколадната глазура. Секоја бомбица ја потопуваме и повторно ја ставаме на послужавник. Нека отстојат уште малку на ладно, па со остар нож ги сечиме на половина.
Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Falaaa