Интегрални погачици со сенф
Во водата се додава квасецот, шеќерот и неколку лажици бело брашно.(ова се остава за квасецот да стаса.)
Откако ќе стаса квасецот се додава брашното, солта и зејтинот.
Убаво се размесува и се остава да отстои и нарасне тестото.
Кога тестото ќе нарасне, на работна маса на која сте наросиле брашно, расукајте правоаголна кора.
Потоа исечете помали правоаголници.
На секое парче, ставете по отприлика една лажица од смесата за полнење.
Краевите-ивиците премачкајте ги со млеко, затворете ги правоаголниците и притиснете со вилушка за да не се отворат.
Се редат во плех, на хартија за печење.
Премачкајте ги со млеко и наросете ги со сусам и куркума.
Оставете ги да се одморат додека се загрее рерната.
Печете на загреана рерна 200 степени, 20-25 минути додека не поруменат.
Добар апетит!
Може да додадете и парченце путер на секоја погачица....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови