
14
јан
2016
Интегрални макарони со сос од авокадо
Макароните ги вариме во посолена вода.
 Кога се варени ги цедиме.
 Сосот го припремаме на следниот начин:
 Авокадото го сечеме на полвина и внимателно ја отстрануваме семката.
 Го лупиме тенко и ја сечеме внатрешноста на парчиња.
 Ја ставаме во блендер или сецко, па додаваме павлака, козјо сирење, лук,магдонос и сок од лимета.
 Зачинуваме со сол, црн бибер и црвен пипер.
 Миксираме.
 Добиената смеса ја посипуваме врз макароните..
 Декорирајте по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови




















