Ем посна ем вкусна тортичка, со прекрасен мирис...
Јаболката излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња.
Тава за печење бр.26 намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
Во сад измешајте ги сите три брашна, шеќерот, ванилата и пецивото. Додајте ги водата, маслото, екстрактот и циметот. Убаво измешајте да се изедначи смесата.
Смесата турете ја во тавата а одозгора наредете ги прво сувото грозје а после јаболката, а кој сака може да си додаде и неколку сецкани оревчиња.
Ставете ја да се пече околу 40-45 мин или времето одредете го спрема вашата рерна. Оставете ја да олади и пред служење посипете ја со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани