Се' уште експериментирам и трагам по добри рецепти за леб. Особено интегралниве ми се предизвик.

Подготовка

Замесете тесто од сите состојки. Можете да користите миксер. Откако убаво ќе се измешаат состојките, префрлете го тестото на работната површина и измесете го 10тина минути. Оставете го тестото половина час на топло место да нарасти.

Потоа премесете го, оформете векна или форма каква што сакате, наросете семиња одозгора по желба, ставете го на подмачкан плех или на хартија за печење и оставете уште 20 минути да нарасне.
Печете го лебот во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
За време на печењето, ставете во рерната на дното чинген сад со вода, така лебот ќе добие влажност за време на печењето.

По печењето, завиткајте го во крпа да се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови