Интегрален ориз со печурки, авокадо и куркума
Ептен ми беше мака да се навикнам на интегралниот ориз, секогаш ми беше или преварен или жив, без вкус...тогаш добив совет од еден пријател како да направам подготовка на оризот пред готвење.
Оризот се мие неколку пати во ладна вода, го киснам најмалку 12 часа во супа од зеленчук, сол и зачини по вкус. Бидејки немам специјален апарат за варење на оризот, го варам во делимано за да не лепи, на тивко со 4 чаши од супата...кога е готов, го цедам и оставам да се потсуши малку.
Потоа се динстаат зеленчукот со печурките на тивко, кога се омекнати се мешаат и зачинуваат со кари или куркума.
Јас додавам и малку лимон и лукче како прелив...и така белиот ориз стана минато во нашиот дом ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови