Зачинет чоко колач со тиквичка и рогач
Моите омилени попдлавневни кекси.
Овој е исклучително кревок и ароматичен.
Не одзема нуту многу време за подготовка.
Печен е во најмала ростер тава или може да се печи во округла тава бр 22,
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки и ги оставаме на страна.
Во друг сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме до побелување.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, ренданата тиквичка и сувите состојки.
Со шпатула убаво ја изедначуваме смесата и ја истураме во малку намастена и набрашнета мала ростер тава за печење.
Печиме околу 40 минути на 180-190 с.
Проверуваме сепак со чечкалица.
Оставаме малку да подизлади, па сечеме парчиња и дегустираме.
Обожавам да го јадам додека се уште е топол, млак, да го осетам вкусот на чоколадото..мммм
Лиценца: Сите права се задржани
Odlicen bese