Запознавање со добрата исхрана
Храната што ја јадете е извор на енергија и хранливи материи кои се потребни за вашето тело. Јадењето треба да биде задоволство,а не да предизвикува вина или грижа на совест.Да се најадеш убаво не е некој голем проблем ,но да внесеш доволно хранливи состојки е голем предизвик.Што треба да јадете за да бидете здрави? Секој размислува на различен начин од вашите најдобри другари па се до дневните весници.Понудени ви се многу предлози и решенија,но основата за добро здравје не се променила уште од првопонудената диететска исхрана од пред многу ,многу години.
Хранливи состојки
На вашетео тело му се потребни над 45 различни хранливи состојки во текот на денот.Овие хранливи состојки се неопходни за здравјето и мора да се конзулмираат преку храната.Овие хранливи состојки се поделени во 5 категории:
• Карбохидрати(шекери и растителни влакна)
• Протеини(вклучувајки тука 22 амино киселини)
• Масти(заситени,монозаситени и полизаситени масни киселини)
• Минерали
• Витамини
Овие хранливи супстанции взаемно дејствуваат и вршат неколку функции:
• Произведуваат материјал за изградба,обновување и одржување на ткивото
• Телото го снабдуваат со супстанции кои учествуваат во регулацијата на телесните процеси
• Снабдуваат со енергија која му е неопходна на телото
Секоја хранлива супстанца има точно специјализирана работа што треба да ја врши во рамките на градбата,одржувањето и функционирањето на телото.Некои функции бараат овие хранливи состојки да работат заедно како тим. Овие функции се специфични. Една хранлива супстанца не може да замени друга.Дополнително снабдување со една супстанција не може да надомести за недостатокот на некоја друга.Ете зошто е потребна балансирана исхрана со вклучување на сите видови храна.На вашето тело му се потребни сите, не само неколку од нив. Некои хранливи состојки треба секојдневно да ги внесуваме преку храната а други пак можат да бидат складирани во телото за понатамошна употреба.
Супстанции кои даваат енергија
Од сите 6 хранливи супстанции кои погоре ги наброивме само 3 произведуваат енергија:Карбохидратите,Мастите и Протеините.Енергијата му е најпотребна на организмот.Енергија ви треба кога дишете,кога срцето пумпа крв,кога стоите,седите и кога шетате.Колку поголема активност толку поголема потрошувачка на енергија.
Енергијата што се наоѓа во карбохидратите,мастите и протеините се мери во килокалории,или скратено само калории.Со калориите се мери колку енергија има телото на располагање.Кога нешто јадете,бројот на калории што ги содржи тој продукт е број на калориски единици што тој му ги дава на телото за неговите потреби.Со калориите се мери исто така и енергијата што ја користи вашето тело за секојдневниот живот или за вежбање.
Како ги пресметуваме калориите
Калориметарот е инструмент кој се користи за мерење на калориите во исхраната.Прво храната се суши за да се отстрани водата од неа и потоа се става во специјален сад што стои во вода.Кога храната ќе согори(изгори),топлината што ја испушта се пренесува на водата. Вредноста на топлината добиена од храната е мерка за калориите.Една калорија е енергија потребна 1 грам вода да се загрее на температура од 1 степен.
• 1грам Карбохидрат = 4калории
• 1грам протеин= 4 калории
• 1грам масти = 9 калории
Калории можете да добиете и преку алкохолните пијалоци.Меѓутоа алкохолот не е хранлив бидејќи неможе да се користи за развој,регененрирање и одржување на телото.Алкохолот е токсичен и не корисен извор на енергија,така што може да се конвертира во маст.
• 1грам алкохол = 9 калории
Скоро секоја храна дава енергија или калории.Само што некоја храна е побогата од друга.Никоја храна сама по себе не дебели.Кога енергијата што се произвела од храната не се искористи-без разлика за каква храна станува збор-вишокот на енергија се складира во телото како маст.Складирањето на повеќе вишоци калории доведува до здебелувањеодносно до зголемување на телесната тежина.