Запечена зеленчукова тава (посно)
Тава која без двоумење би ја заменила за месо. Лесна за овој период од годината, полна со зеленчук и најбитно посна. Дефинитивно ова е уживање за тие што постат или од различни други причини не јадат месо. Подготовката е следна
1. Едната главица кромид и морковот исецкајте ги на поситни коцки. Еден компир(од вкупно 4) исто исецкајте го на коцки.
2. Во така на оган запржете го кромидот да добие стаклест изглед и да омекне. Додајте го и морковот и коцките компири. Во тавата налејте вода колку да го прекриете целиот зеленчук и оставете го на потивко да се динста. Зачинете по вкус.
3. Останатите компири (со лушпа) ставете ги во тенџере со посолена вода да се сварат.
4. Издинстаниот зеленчук во тавата кога ќе омекне ставете го блендер и измиксирајте за да стане кремаст ( како пире).
5. Дното на тавата за печење залејте го со малку масло. Останатата главица кромид исецкајте ја на тенки полукругови и со нив покријте го дното од тавата.
6. На сварените компири отстранете им ја лушпата и исечете ги на тркалца со дебелина од 5 мм. Нив наредете ги врз кромидот во тавата.
7. И доматите исечете ги на кругови и нив ставете ги врз компирите. Посолете и додајте го и доматниот сок ( домата). На крај доматите прекријте ги со пирето од динстан зеленчук.
8. На маслинките отсранете им ги коските, исечете ги на поситни парченца и распоредете ги во тавата.
9. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути додека тавата да добие златно жолта коричка. На крај кога е испечена наросете исецкан магдонос или перца од млад кромид.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови