Есенска салата (сирова)
Искрено оваа салата не е нешто ново, но бидејќи за награда го добив Делимано Брава Спиралниот сечко, ете ми предизвик со него да си правам салати и декорации. Принципот е едноставен за работа со него, исто како да острите
молив со режалка (острилка). Најбитно е зеленчукот (моркови, крставици, тиквички...) да е поголем и цврст за да може добро да се искористи.
* Значи, морковите ги исечкав на делот за спирали, а на другиот дел изрежав широки лентички за декорација во средината.
* Си се заиграв со сецкото, па освен морковите кои ги испраксирав, исеков едно парче цвекло во форма на морков, па и од него добив спиралчиња.
* Зелката ја исечкав, ги додадов морковите, цвеклото, сончогледот, магдоносот, солта, маслиновото масло, оцетот и магдоносот, измешав се и скромно декорирав.
Се надевам дека ќе ви се допадне оваа превкусна (за мој вкус) и несомнено здрава веганска есенска салата (веганска бидејќи сиот зеленчук е суров), а би ја препорачала исто така и наградената хттпЧ//моирецепти.мк/пост/%Д1%81%Д0%Б0%Д0%ББ%Д0%Б0%Д1%82%Д0%Б0-%Д0%БЕ%Д0%Б4-%Д0%Б2%Д0%Б0%Д1%80%Д0%Б5%Д0%БД%Д0%Б8-%Д0%БЦ%Д0%БЕ%Д1%80%Д0%БА%Д0%БЕ%Д0%Б2%Д0%Б8-%Д0%БФ%Д0%БЕ%Д1%81%Д0%БД%Д0%БЕ салата од варени моркови која е вегетаријанска (бидејќи морковот таму е сварен).
Машинчево е доста интересно и примамливо за нови комбинации, па обидете се!
Лиценца: Сите права се задржани