Ги сакам ваквките вкусови ... можеби ќе пробате.
- Сварете го компирот во лушпа.
- Во касеролата ставете зеленчуковиот бујон, оцетот, маслото, сенфот, кромидот исецкан на коцки, биберот, малку сол - нека проврие и да врие околу 3 мин.
- Сварениот компир излупете го, поедриот исечете го на поситни парчиња, така топлиот компир залијте го со претходно добиениот сафт. Оставете нека одстои 1 час.
- Оревите потпечете ги и со раце само изронете ги мегу прстите, руколата измиена и оцедена искинете ја, грозјето - ситните зрна оставете цели, а поедрите преполовете ги. Додадете ги пред самото сервирање во веќе одстоениот компир, тврдото сирење исечено на тенки листови или со раце изронето исто така додадете... измешајте. Не го заборавајте и магдоносот. Доовкусете на сол. Зависно од вашиот вкус можете да додадете и оцет и бибер... па седнете и уживајте во овие вкусови.
Напомена
-Салатата е потребно да биде црвениот радич кој има горкаст вкус, одлична замена му е руколата или цикоријата.
- Бујонот го спремам така што 1/2 од зеленчуковата коцка ја додавам во водата, а може и целата коцка со тоа што одпосле ке оцените за сол...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани