Едноставен Колач (со јогурт)
Едноставен на изглед, ама со прекрасен вкус. Kолач кој го снема за миг.
Подготовка
1. Пред да започнеме со подготовката, ја уклучуваме рерната на 180 степени да се загрее.
2. Во длабок сад ги миксираме јајцата, со постепено додавање на шеќерот и ванилата (претходно измешани) до згуснување. Потоа ги додаваме маслото и јогуртот, миксираме кратко да се соединат убаво. На крај ги додаваме брашното (просеано) и пецивото (истотака претходно соединети). Миксираме на најмала брзина кратко или мешаме со рачна маталка.
3. Готовата смеса ја истураме во тавче број 22 (намрсено и набрашнето, или со мрсна хартија).
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени (јас печев околу 50 минути, ама сепак проверете со чачкалица).
5. Нека олади колачот, па одозгора доколку сакате наросете шеќер во прав.
Забелешка - оваа доза е за тавче со големина број 22, за поголем колач дуплирајте ги состојките.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани