Подготовка:
1. Ако вашите лимони се домашни, што е најдобар избор за овој ликер, тогаш само измијте ги со топла вода. Ако се лимоните купечки, тогаш најпрво ставете ги во вода во која сте ставиле сода, нека постојат некој саат, а потоа измијте ги убаво со топла вода и истријте ги со чисто сунѓерче.
2. Со оштро ноже излупете го само жолтиот дел од кората. Ставете ги лушпите во тегла и врз нив ставете ја ракијата. Треба да отстои недела дена, а од време на време протресувајте ја теглата.
3. За шербетот, ставете ја водата и шеќерот да зовријат и да варат две-три минути. Нека се олади. Ракијата со кората од лимон исцедета ја и смешајте ја со ладниот шербет. Промешајте и ставете го ликерот во фрижидер, ден-два пред да го служите.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови