
25
авг
2014
Домашно доматно пире
Вкусно доматно пире, приготвено во домашни услови без конзерванси.
1. Доматите се мијат и се сечат на покрупни парчиња, а потоа се чистат од лушпи и од семки во специјална машина (прикажана во дополнителните фотографии).
2. Мелените домати ги ставаме на оган, додаваме зејтин, сол и ситно сечкани феферонки (по желба, ако некој не сака лут вкус не мора да става).
3. Доматите се варат додека не се добие густа смеса, односно пире.
4. Потоа додека е жешко пирето се става во тегли кои треба да се добро затворени.
Се чува на студено и темно место.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови