Домашни ресани
По правило ова треба да бидат во форма на ресанчиња ама јас малку ги утнав во големината хехе направив поголеми топчиња и на крај дојдоа многу големи па ги направив сендвичиња. Затоа ве предупредувам кога ќе ги правите многу да внимавате да се баш малечки колку еден орев.
Најпрво во длабок сад ги матиме јајцата заедно со шеќерот и ванилин шеќер. Кога ќе добиеме убава пенеста смеса постепено го додаваме маслото. Потоа постепено се додава брашното измешано со пецивото. Мешаме со дрвена лажица. Смесата е прилично густа, така со мала лажичка земаме од смесата и оформуваме мало топче кое го ставаме во тепсијата со хартија за печење. Топчето сосема малку го притискаме одозгора, ги ставаме на поголема одалеченост едно од друго, и тука направив грешка ги ставив многу блиску, ххехе
Ги ставаме во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10на минути. Откако ќе се испечат треба да се оладат убаво пред да ги извадиме од тепсијата и потоа ги лепиме со мармалад едно со друго. Така подготвени ги ставаме во пластичен сад да одстојат некое време. Колку повеќе стојат толку повеќе стануваат меки.
Ама како и да испаднаа на крај важно е дека се многу вкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови