Домашни еклери со цимет и ванила крем
Подготовка
Во тенџере на оган, ставете ги водата и маслото да зовријат.
Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте со лажица додека да добиете еднолична смеса. Потоа, тргнете го тенџерето од оган и додадете го пецивото, ванилиниот шеќер и циметот. Убаво промешајте и оставете ја смесата да олади.
Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што, ќе ги додавате едно по едно.
Потоа, од смесата формирајте еклери со помош на шприц во тава обложена со хартија за печење.
Печите во загреана рерна на 250 степени 8 минути, а потоа, намалете ја температурата на 150 степени и печите уште 10 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги да изладат.
фил
Во тенџере на оган, ставете ги обичното и кондензираното млеко, шеќерот, путерот и ванилиниот шеќер да се варат.
Прашокот за пудинг измешајте го убаво со млеко, да нема грутчиња. Потоа додадете го во зовриената смеса и мешајте постојано додека да ја добиете потребната густина. Потоа, оставете ја смесата малку да излади.
Еклерите се засекуваат и се филуваат со кремот.
Глазура
Во сад на пареа, растопете го чокладото со маслото и водата и ставете врз секој еклер по малку
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани