Прво измиеното свинско месо го сецкаме на мали коцкички.
Го посолуваме и мешаме со рацете, едноставно го масираме месото.
Го завиткуваме во најлонска фолија и оставаме во фрижидер да одстои барем 5 часа.
Сега во вангличка ја ставаме топлата вода, квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа додаваме сол, млеко, масло.
Постепено додаваме брашно, месиме се додека не добиеме меко, по малку и лепливо тесто.
Го ставме во вангличка, капнуваме врз него 2-3 капки масло и го покриваме со прозирна фолија.
После еден час го размесуваме, го враќаме во вангличката до употреба.
Со раце го растегнуваме тестото и го ставаме во округла тава.Краевите благо ги подигнуваме.
Врз него го редиме насоленото месо.
Печиме на 220-230 с околу 20 минути, односно скоро питата да биде пред крај.
Во сад нежно ги разматуваме јајцата со солта.
Ги прелеваме врз питата и враќаме во релна уште 4-5 минути.
Послужуваме топла со чаша црвено вино.

Во Неготино најчесто пити спремаме во фурна на дрва, кои се долги по 1,30 цм.
Но кога е за двајца, кога не е собрано цело семејство ова е одлична подготовка на домашна пита со свинско месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани