Домашна пилешка паштета
Лесен, брз, вкусен и здрав рецепт.
Пилешкото месо сварете го убаво. Ние имавме домашно пиле, па цело го сваривме се додека не се одвои месото од коската.
Месото ставете го во блендер, додадете ги останатите состојки и блендирајте додека не добиете убава мазна смеса.
Толку! :)
Е сега, мој совет би бил да правите паштета од цело пиле (кокошка), така ќе ги имате сите типови на месо и паштетата ќе биде повкусна. Слободно можете и џигерчињата да ги додадете.
Зачините се по избори и вкус. Јас многу го сакам коријандерот во вакви комбинаици, ама дома ми мфкаат, па овој пат го изоставив. Ќе го ставам кога ќе сакам да има повеќе за мене =))
Убав шмек ќе даде ако имате малку пропржени печурки.
Доколку сакате при блендирањето можете да додадете малку варен ориз.
Се чува во фрижидер. Не би знаела да ви кажам колку долго бидејки кај нас ја снема за 2-3 дена. Доколку сакате можете да ја замрзнете и да ја одмрзнете по потреба.
Пријатно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани
љиљо, ние сме по во здраво тело здрав дух (хелоу боди хелоу гоуст), па маргарин е ретко ретко ретко...како одмор на хаваи кај нас :) :) :) :)