Домашен Леб(печен во ќесе за печење)
Домашен леб со совршена крцкава кора, а средината е мека како душа.....едноставно перфектен е. Состојките се како за класичен леб, но она што го прави уникатен е начинот на кој се пече - во специјално ќесе за печење, кое првенствено е наменето за печење на месо, зеленчук, риба... Овојпат решив малку да експериментирам и можам да ви кажам дека воопшто не погрешив.
1. Најпрво се активира квасецот со шеќерот, 2 лажици брашно и дел од водата.
2. Потоа се замесува меко и нелепливо тесто, додаваме 2 лажици масло, а брашното се додава постепено. Откако ќе го измесиме убаво, го домесуваме со уште 1 лажица масло на работната маса. Тестото го оставаме на топло да стаса.
3. Стасаното тесто на работната маса го формираме во векна леб, засекуваме на неколку места со остар нож, го ставаме во ќесето за печење и убаво заврзуваме. Го покриваме со чаршафче и го оставаме да стаса. Ќесето не се боцка...после печење го кинеме, внимавајќи на пареата.
4. Стасаното лебче го печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 40-на минути. При печење ќесето се надувува, односно на тој начин е процесот на печење... Ќесето е провидно и се гледа кога е готов лебот. Откако ќе се испече, го вадиме и веднаш го кинеме ќесето и го ставаме лебот врз решетка, без да се покрива и за 10-на минути може да уживате во него.
Забелешка - Формирањето на лебот е по желба, може да се формира и округло лебче. Како и да го формирате, запазете ја големината на ќесето кое ќе го користите...да може да го собере.
Лиценца: Сите права се задржани
Искрено, фантастичен е...треба да се проба за да се уверите во вкусот :)