Вкусно домашно лепче, кое воопшто не е захтевно за подготовка.
Ќе напоменам само дека тестото е исклучително меко, такво и треба да биде.

Во вангличка ги ставме квасецот, солта и водата.
Промешуваме и не додаваме шеќер за активирање.
Го додаваме брашното и само убаво соединуваме со дрвена лажица.
Го покриваме вака подготвеното тесто и го оставаме од 12-15 часа на собна температура.
Наредниот ден, тоа ќе биде ....обилно ја набрашнуваме работната маса.
Го истураме тестото и само по малку го преклопуваме од сите 4 страни.
Чиста кујнска крпа малку ја набрашнуваме и внимателно го префрламе тестото.
Го покриваме и го оставаме така уште 2 часа.
Рерната ја загреваме на 220 с.
Во неа го ставаме и садот каде ќе го печиме лебот заедно со капак.
После 20 минути внимателно го вадиме загреаното тенџере и во еден потег го префрламе тестото.
Го поклопуваме и го оставаме во рерна да се печи вака околу 20 минути, и уште 25 минути со отворен капак.
Испечено го оставаме на кујнска решетка да се излади, па сечеме кришки.

На исти начин подготвувам и лепче од пола бело, пола било какво интегрално брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани