![Доматно макало со лук и магдонос](https://moirecepti.mk/content/uploads/2015/08/1-dade97-800x646.jpg)
8
авг
2015
Доматно макало со лук и магдонос
Редовно приготвувано и дома омилено летно макало, наједноставно за правење и доста вкусно. Убаво како прилог, ама може и да биде и скромен ручек.
- Зрелите домати се мијат, се лупат и се сечкаат на коцкички.
- Се ставаат во тавче да се пржат на тивко со малку сол.
- Се пржат додека водата малку да испари, па се додаваат исчистените чешниња лук, по желба цели или исечкани.
- Се пржи уште некое време додека да се згусне смесата.
- На крај се додава исечканиот магдонос, се трга настрана и се посолува по потреба.
Количината на домати и лук не е стриктна, се прилагодува по потреба.
Лиценца: Сите права се задржани