Доматен сос (Додаток за пица,лазањи,манџи..)
Овој сос се користи како додаток за пици,тестенини,лазањи,манџа,печено месо....едноставно го додавам во скоро секое јадење. Не е тешко за подготовка, а излегува доста од една доза.
Подготовка:
1. Доматите, кромидот, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и лукчето измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на големи коцки. Исто така пиперките се чистат од семето се миат и се сечкаат на коцки.
2. Во шерпата најпрво ставте ги доматите па сите други зеленчуци.
3. Шерпата ставте ја на тивок оган да вријат, но не додавјте вода бидејќи самиот зеленчук ќе ја испушти течноста што ја има во него. Привремено промешувајте.
4. Откако зеленчукот ќе ја испушти течноста со привремено промешување оставете го да врие додека течноста да дојде на половина од шерпата.
5. Кога пола од течноста испарила во еден сад ставте дел од зеленчукот и пасирајте или блендирајте го додека да се направи како сос. Откако ќе го испасирате сиот зеленчук вратете го во шерпата додајте го шеќерот,солта и зејтинот.
6. Магдоносот исечкајте го ситно и додајте го во шерпата.
7. Откако ќе почне да врие со постојано мешање варете уште 15-20 минути и сосот ставте го во тегли па вакумирајте го. Добар апетит.
Забелешка: Зеленчукот исецкајте го на поголеми коцки бидејќи се блендира не е важно колкави се коцките. Ако сакате сосот да биде уште погуст тогаш оставте го да врие уште некоја минута но имајте предвид дека сосот откако ќе се олади станува уште повеќе густ. Проверете за сол ако јадете повеќе солено слободно додадете сол по ваша желба. Магдоносот може и да го изоставете ако не сакате да додадете магдонос во доматен сос тоа зависи од вас. Сосот стои како и секоја друга зимница бидејќи е вакумиран.
Лиценца: Сите права се задржани