Подготовка

-Во тенџере на умерен оган ставете го млекото, путерот, шеќерот. За тоа време, во друг сад, измешајте нишесте, капучино со неколку лажици млеко. Внимавајте да не ви останат грутчиња. Ставете го во жешкото млеко, истовремено мешајќи. Мешајте додека смесата не згусне доволно.
Тргнете го од оган малку да се олади.
-Во стаклена чинија или чаша, ставете мелени бисквити, потопете ги одозгора со топло млеко и капучино. Врз нив, ставете мал слој од пудингот, потоа кршен пандишпан, истиот потопете го со млеко и капучино. потоа, ставете мелени или сецкани ореви. Врз оревите, ставете пудинг, подебел слој. Додадете го преостанатиот кршен пандишпан и одозгора нанесете од пудингот.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани