Теглите се од 0,5 литра
Постапка за сушење на сливите не би пишувала, секој знае дали на сонце, во рерна или дехидратор. Јас ги сушев во дехидраторот, со тоа што кога ги искостив преполовиени на секоја слива ставив по малку сол и шеќер. Тие треба да се дехидрирани, но сепак меки и лесни на свивање.
- Ориганото, босилекот, рузмаринот, кориандерот, кардамонот и циметот измешајте ги.
- Лукот исчистете и поделете на пет еднакви дела.
- Пиперките исчистете од семето и исечете на кругови.
- Пригответе ги теглите, измешајте ги сите зачинки заедно. Во теглите ставете ред од сливи, посипете со по 1 лажичка од зачинките, врз нив ставете дел од лукот, врз него дел од пиперките, повторно од зачинките потоа ја повторувате постапката се додека има од состојките
- Откако сте ги наполниле теглите врз нив ставете во секоја тегла по 1/2 лажичка сол, 2 лажици шеќер, на крај додадете по 1 лажица од оцетот.
- Маслото загрејте го, налијте во секоја тегла, затворете цврсто со капачките, протресете ги. Оставете ги како секоја зимница (завиткани во крпа за да се вакумираат капачките) одложете на рафтот, а секоја отворена тегла доколку ви остане од неа - чувајте во фрижидер.
НАПОМЕНА
- Пиперките колку ќе ставите количински и колку ќе се лути - зависи лично од вас, како ќе сакате.
- Овој кисело-сладок-пикантен додаток е изврсен да се послужи со секој вид на скара - секако и печено месо, но скарата ќе ја издвојат овде.
-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани