Одличен десерт, баклава. Ја спремив на малку поинаков начин од вообичаено.

Подготовки:

1. Ги редев кора врз кора така редев по три, но секоја убаво премачкана со мешавина од масло и стопен путер. На третата кора прскам од филот кој го спремив од мешавина на бадеми, фстаци,гриз и ванили. Потоа од крајот го ставам сукалото и ја виткам цела кора на сукалото.
2. Полека постепено ја собирам на внатре, ја гужвам и полека го вадам сукалото. Така згужваната кора ја преместувам во тавата. Постапката ја повторувам додека имам кори. Наредена ја сечам на коцки.
3. Ја печам баклавата во загреана рерна, на потивко да покрчка. Откако е печена, ја вадам од рерна и попрскувам со две паковки ванила. Оставам да излади, па кога е ладна ја полевам со шербет.
4. Шербетот го варам на стандарден начин, па ја попарувам баклавата. Таа ладна шербетот топол.
Додека е топол шербетот веднаш попрскувам сецкани фстаци, да се залепат убаво на површината.
Оставив да отстои да прими убаво, па сервирав ладмна.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови