Германски мини палачинки со смокви
Преубави палачинки, многу лесни за правење а многу декоративни. Се прават во калап за мафини, се става од смесата во калапите, се полни до половина и самите со печењето си се прават како корпички. Одговараат со секаков вид на џем, јас се одлучив овој пат да биде со смокви.
Се матат јајцата со ванилата и солта, се додава растопениот и изладен путер, на крај млекото со брашното. Се мати убаво да не останат грутки од брашното. Се остава смесата да стои 15 тина минути.
Во намрсен калап за мафини се полни до половина од смесата и веднаш се ставаат во загреана рерна на 200 степени околу 15-20мин или додека не поруменат.
Прво се исклучува рерната, се оставаат 1мин, па потоа се вадат бидејки од нагла промена на температурата можат да ви се смачкаат. Смоквите се сецкаат и се ставаат во тенџере на оган, вода колку да ги покрие и шеќерот. Се варат на среден оган околу 10мин, додека не се сварат и да се згусне смесата. Шеќер можете да одземете или да додадете по желба, исто така можете смоквите да ги изблендирате ако сакате полнежот да ви биде помазен, јас го сакав со парченца. Се полнат палачинките со полнежот од смокви и се наросува шеќер во прав.
Од оваа доза излегуваат околу 24 парчиња
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови