Одличен рецепт за волшебно шупливи крофни.
Во еден сад ставете го млекото квасецот, шеќерот и додадете половина од брашното и промешајте убаво.
Во друг сад изматете ги јајцата и солта и потоа ставете ги во смесата. Додадете масло и преостанатото брашно и продолжете да матите со миксер да се добие густа смеса (не се меси со рака), оставете тестото да нарасне. 
На убаво набрашнета маса ставете го тестото, малку премесете го, наросете убаво со брашно,  развлечете кора од 1цм дебелина и со чаша сечете крофни.
Преостанатото тесто премесете го и вадете крофни се додека го потрошите.
Секоја крофна ставете ја на набрашнета подлога и оставете да нарасне, а потоа во врело пржете ги од двете страни додека добијат убава румена боја
Температурата за пржење треба да биде умерена не треба да биде многу врело маслото односно ако ринглата е пример до 3 вие уклучете ја на 1,5.
Пржени ставете ги на салфета да се впие вишокот масло, а потоа полнете ги по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови