На подарок добив тефлонска тава со четвртасти форми, па еве што измислив да испечам во нив. Во вангличка се матат јајцата со солта, па се исклучува миксерот. Се додавваат млекото, јогуртот, маслото, малку црн бибер, пецивото, брашното. Со шпатула лесно сето убаво се соединува. Смесата се дели на два дела ( јас некако повеќе сум ставила за првиот дел, ама не беше грешка и така, само визуелно не беа рамномерни). Во првиот дел се ставаат ситно сецканите маслинки и ситно сецкан спанаќ. Во вториот дел се ставаат куркумата и морковот. Сега во тефлонската тава ставаме во секое квадратче по 1 полна лажица од првата смеса. Го ставаме плехот во загреана релна на 180 с и печиме околу 5 минути. Набрзина го вадиме, на секое квадратче ставаме по едно парченце кашкавал и дополнуваме со смесата со куркума. Го враќаме плехот в релна и печиме уште околу 15 минути. Ги вадиме на решетка да се изладат а потоа ги декорираме по сопствен вкус,
Уживајте.