Велигденски кекс колачиња
Превкусни кекси, ровки и се топат во уста. Во мојот дом се спремаат обавезно за Велигден. Секогаш со некој поинаков рецепт, важно мотивот да е тој, Велигденски.
Подготовка:
1. Овој пат одбрав едноставен рецепт, не многу благ, затоа што додатокот на фондан, му дава дополнителна блажина. Од брашното, путерот, јајцето и шеќерот замесете меко тесто. Растегнете кора не многу дебела, па вадете фигури со калапчиња во вид на зајче, морковче, јајце, пиле.
2. Редете ги на хартија за печење и печете колку да поруменат. Оставете да изладат, а потоа одете со подготовка на декорацијата. Растегнете ја кората фондан, и вадете ги фигурите кои ќе ги правите. Лепете ги врз секоја форма и декорирајте, цртајте со фломастерите. Ние навистина се забавувавме. Колачите се превкусни. На здравје. Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови