Ги обожавам ваквите векни. Ги подготвувам во различни верзии. Тестата со тиква се исклучително меки.
Пробајте ја.

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активираниот квасец, сол, ванила, цимет, кардамом, шеќер, половина јајце, растопен путер, тиква. Промешуваме и убаво соединуваме. Постепено го додаваме брашното и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме на топло околу еден час, да се дуплира.
3. Потоа од него сучиме правоаголна кора. Ја премачкуваме со мармалад. Завиткуваме ролат. Го поставуваме во долгнаведт калап за леб. Оставаме на топло уште 30 минути.
4. Векната ја печиме во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Потоа ја ставаме на решетка да се излади, па сечиме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани