6
фев
2016
Варено кондензирано млеко Dulce de leche
За овој рецепт потребни се само конзерва кондензирано млеко, големо тенџере полно со вода и трпение =)
Во тенџере се става вода која што се загрева, во водата се става конзервата кондензирано млеко затворена како што си е, МНОГУ Е ВАЖНО цело време конзервата да биде прекриена целосно со вода (3-4 сантиметри над конзервата) затоа што има ризик да пукне. Конзервата се вари на тивок оган 3 часа, ако е потребно се додава топла вода во тенџерето. Потоа се остава да олади целосно, откако ќе се олади конзервата се отвара и кремот дулче де лече е готов и може да ја пуштите фантазијата и да го користите на различни начини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови