Ванилиците на баба
Меки, миризливи, вкусни веќе превкусни, се топат в уста, ова се најубавите ванилици кои ги имам пробано, совршени се, а рецептот е од архивот на баба со мала модификација од мене. Од оваа количина се добиваат 20 ванилици, ако сакате повеќе, дуплирајте ја или триплирајте ја дозата.
Се замесува тесто од сите состојки и се става во фрижидер 20тина минути.
Потоа тестото на намастена површина се расукува во дебелина од 1,5 цм и со помош на чаша се вадат форми, јас вадев месечинки (види слика).
Се печат на намастен плех 180 степени околу 20 минути или додека не поруменат.
Кога ќе ги извадите од рерната, оставете ги 2-3 мин во плехот и после нежно земајте една по една ванилица и прпелкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале едно пакетче ванилин шеќер.
Правете го тоа полека зашто ванилиците се многу ровки и може да ви се кршат. Можи веднаш да се косумираат, нема потреба да отстојуваат ден или два.
Чувајте ги во лимена кутија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови