Брзо, превкусно, здраво, без готвење, и што е најбитно ова слатко задоволсто чека на вас да одлучите кога да го конзумирате.

Подготовка

1. Во длабока чинија ги ставаме овесните снегулки, го додаваме овесното млеко, соединуваме со лажица.
2. Потоа ги додаваме мелените ореви, лененото семе (може да се стави цело, да се исецка делумно или да се сомеле-по желба) и пасираната банана. Соединуваме до хомогенизирање.
3. Оваа смеса ја префрламе во помала тегличка, затвораме убаво и ја оставаме во фрижидер цела ноќ.
4. Наредниот ден останува да уживаме во нејзиното дегустирање, во време кога ние ќе посакаме. Декорацијата е по желба, јас ставив замрзнати вишни и сецкани какао зрна.

*Забелешка - За декорација може да се користи свежо или замрзнато овошје (малини, вишни, цреши...), гранола, ореви, лешници, по свој избор и вкус. Исто така млеко може да се употреби и кравјо, или некое друго бадемово, лешниково и сл. Доколку сакате поосвежувачки вкус, 1/3 од млекото заменете го со сок од свежо цеден портокал.
Друга опција - наместо банана, може да се додаде рендано јаболко, а наместо ленено семе, може да се додаде 1 м.л. чиа семе.
На опциите им нема крај, па затоа според вашиот вкус изберете сами.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани